ФОТО | Здравко Чолиќ слави роденден: Ќерката Уна му посвети емотивна честитка

Здравко Чолиќ и неговата ќерка Уна / Фото: Инстаграм/Здравко Чолиќ/Уна Чолиќ

Босанскосрпскиот пејач Здравко Чолиќ денеска го слави својот 72 роденден. Музичарот, чие име е прва асоцијација за југословенската поп-музика, доби голем број роденденски честитки на социјалните медиуми.

Една од оние кои му го честитаа роденденот на Инстаграм е и неговата 21-годишна ќерка Уна, која сподели нивна заедничка фотографија и напиша емотивна порака за својот татко.

„Среќен роденден на најдобриот татко. Моја гордост, те сакам“, напиша таа.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Здравко Чолиќ е роден на 30 мај 1951 година, во Сараево, а израснал во скромно семејство. Во детството се занимавал со спорт – прво со фудбал, а потоа и со атлетика. Исто така, покажувал интерес и за актерска игра, па глумел во некои младински претстави.

Во тој период, музиката му била хоби, односно пеел и свирел само пред своите пријатели. Но, кога бил во втората година од средното образование, еден пријател му дал предлог да се пријави на едно музичко натпреварување за пејачи-аматери. Тој го освоил второто место, но тоа било само почеток на една успешна музичка кариера. Останатото е историја.

Трагичната приказна зад големиот хит на Здравко Чолиќ ја расплака цела Југославија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот