Трагичната приказна зад големиот хит на Здравко Чолиќ ја расплака цела Југославија

Фото: Скриншот/Јутјуб/http://milicakostic.rs/

Годинава се навршија 48 години од трагедијата која ја расплака цела Југославија – смртта на средношколката Милица Костиќ, која скокнала од 11. кат за да се спаси од група силувачи и да го зачува своето достоинство.

Осумнаесетгодишната Милица Костиќ, ученичка во Медицинското училиште во Крушевац, пред речиси половина век наивно им поверувала на група млади момчиња кои ја замолиле да им помогне. Велејќи ѝ дека им е потребна помош околу строгите родители на една од нивните девојки, Милица решила да им помогне, но набргу сфатила дека тоа е однапред смислен план. При влегувањето во станот, на Милица ѝ станало јасно дека момчињата имале други намери.

Фото: http://milicakostic.rs

Петмината почнале да ја убедуваат да се соблече и да не дава отпор. Мислејќи дека Милица од страв ќе попушти, се обиделе да ја убедат дека е „подобро“ самата да се согласи на силувањето, отколку да помине преку тоа со дополнителна употреба на физичка сила.

Еден од момците, кој планирал да го изврши страшното злосторство, почнал да се колеба откако Милица низ солзи изјавила дека е невина. Излегол од собата во која била преплашената девојка, а набрзо тргнале и другите момчиња за да го убедат да не се откажува. Искористувајќи го моментот кога сите ја напуштиле собата, Милица скокнала од 11. кат на зградата, избирајќи сигурна смрт наместо понижување.

Иако никој не предвидувал дека таа ќе го преживее падот, Милица живеела уште два дена и за тоа време успеала да им каже на истражните органи кои се сторителите и што точно се случило на тој кобен ден. Во Крушевац биле организирани протести против насилниците, кои набргу биле уапсени, но не се знае колкави казни добиле, ниту колку време поминале во затвор.

Смртта на Милица Костиќ го инспирирала поетот Велизар Шофранц да го напише текстот на песната „Она спава“ („Таа спие“), а музиката ја направил легендарниот композитор Корнелије Ковач. Изведувач на оваа песна е Здравко Чолиќ, кој ја испеа во далечната 1974 година.

Целосната приказна за нејзиниот живот можете да ја прочитате на веб-страницата, која е посветена на Милица Костиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот