ФОТО: Водата носи сѐ пред себе, најмалку 13 жртви во поплави во Јемен

Најмалку 13 лица, меѓу кои и две деца, загинаа во поплавите предизвикани од сезонски дождови во Јемен, соопштија денеска безбедносните власти.

Жртвите се од провинциите Сана, Иб, Шабва и Ходеида, каде дождот почна да врне на крајот од минатиот месец, изјавија претставници на локалните власти.

Обилните дождови ги погодија и провинциите Аден, Таиз и Хадрамавт, каде поплавите оштетија куќи и возила.

Спасувачките екипи успеале да извлечат некои лица кои биле заробени во автомобили.

Националниот метеоролошки центар во Јемен ги предупреди граѓаните да се држат настрана од каналите во погодените области и да ги преземат потребните мерки на претпазливост.

Сезоната на дождови во Јемен трае од април до август.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот