ФОТО: Во Бургас запленет кокаин спакуван во банани вреден 6,8 милиони долари

Во Бургас запленет кокаин од Еквадор вреден 6,8 милиони долари/Фото: Бугарска царина

Бугарските власти вчера на пристаништето во Бургас запленија кокаин вреден приближно 6,8 милиони долари. По цени на слободниот пазар, килограм од овој наркотик на големо се продава за 40.000 долари.

Во моментов нема приведени, изјави на вонреден брифинг бугарскиот окружен обвинител Георги Чинев. На прес-конференцијата присуствуваа и Петја Банкова – директор на Царинската агенција, Стефан Бакалов – раководител на Одделот за борба против трговија со дрога во Агенцијата, Елка Добрикова – надзорен обвинител од Окружното обвинителство-Бургас, директорот на Регионалната дирекција. Гранична полиција“ Бургас постариот комесар Лачезар Момчев.

Банкова рече дека ова е најголема заплена на дрога на пристаништето Бургас. Дрогата била откриена вчера во контејнер натоварен со банани. Пронајдени се повеќе од 169 килограми кокаин поделени во 150 пакувања. Тие беа поставени во фабрички направениот ѕид во внатрешноста на контејнерот. Увозникот на овошјето е бугарска трговска компанија.

Контејнерот е дел од товар кој пристигнал од пристаништето во Еквадор со контејнерскиот брод „Медисон 2“. Тој патувал на релација Еквадор – Панама – Малта – Џоја Тауро – Пристанишен комплекс Бургас. Бродот продолжил по својот пат, а контејнерот останал на пристаништето во Бургас.

„Службениците од Одделението за борба против наркотици за увид избрале повеќе контејнери во кои се превезувале банани. По преглед на три од контејнерите, биле забележани сомнителни места, и направена е детална проверка. Откриени се сомнителни пакувања, потоа напорите се пренасочени и вработени од турската граница и од Софија, со цел продолжување на сите дејствија за обезбедување на увидот“, рече Бакалов.

Окружното обвинителство во Бургас информираше дека е поведена предистражна постапка за кривично дело од чл. 242, ст. 2 од Кривичниот законик. Извршен е претрес и одземање, извршен е увид на местото на настанот, а се чекаат поголем број процесни и истражни дејствија. Казната за делото за кое е поведена претистражна постапка е „затвор“ од 10 до 15 години и парична казна од 100.000 до 200.000 лева. Процесните и истражните дејствија продолжуваат во моментов.

„Задачата што предистражната постапка мора да ја реши во својот тек е – за каде се наменети плодовите, а за каде е наменета пратката – дали за домашен пазар или за странство“, посочи обвинителот Чинев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот