ФОТО | Вистинска ѕвезда: Мечка направила 400 селфи на камерата за диви животни

Фото: Принтскрин/ Твитер

Црна мечка од заштитено природно подрачје во Болдер, Колорадо (САД), направи околу 400 селфи со камера за диви животни, јави денеска „Би-би-си“.

Градското одделение за отворени простори и планински паркови (ОСПМ) поставило девет камери за следење и учење за локалните видови диви животни, додека присутноста на луѓето во чувствителните живеалишта е сведена на најмала можна мерка.

Како што наведуваат локалните власти, камерата за снимање движења снимила 580 фотографии, а на околу 400 фотографии од ноември минатата година била истата, љубопитна црна мечка.

Повеќето од другите животни во заштитениот планински парк во Болдер едноставно поминуваат, барајќи храна или место за одмор.

Но, не и оваа мечка, која застанала и позирала пред камерите кои детектираат движење, правејќи стотици „селфи“.

– Ова животно беше особено заинтересирано за камерите и ја искористи можноста – рекол Филип Јејтс, портпарол на ОСМП.

– На 18.600 хектари на паркот поставени се девет камери за детекција на движење. Тие се активираат кога животното ќе помине и потоа прават фотографии или кратки видеа – додал тој.

Мечки, птици, лисици и бувови се само дел од животните кои се снимени со камерата.

– Овие камери ни помагаат да откриеме кои животни се присутни во тоа живеалиште, што прават во текот на денот, неделата или дури и годините – рекол Кристијан Нунес, еколог за диви животни од ОСМП.

ОСМП објави дел од сликите на мечката на Твитер, кои, судејќи според коментарите, им се допаднаа на многу корисници на оваа социјална мрежа.

„Овие фотографии нè насмеаја, а мислиме дека ќе ги насмеат и другите. Во овој случај, мечката особено се заинтересирала за една од нашите камери за набљудување диви животни и ја искористила приликата да направи стотици селфија“, изјавил еден од вработенитe.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот