ФОТО + ВИДЕО | Возач на Формула 1 продава календар со фотографии од неговиот гол задник

Фото: Инстаграм/ Валтери Ботас

Возачот на Формула 1, Валтери Ботас, собра 150.000 долари за добротворната организација за машко здравје „Мовембер“, откако бил распродаден календарот „Bottass 2024“, со фотографии од неговиот гол задник, пишува „Гардијан“.

Почетниот контингент од календарот, од 10.000 примероци, од кои по пет евра оделе за истражување на ракот на простата, брзо бил распродаден.

„Ви благодариме многу за вашата поддршка во ноември. Заедно со донации и календари собравме значителна сума за @Movember“, објави Ботас преку социјалните мрежи во четвртокот.

„Конечните бројки ќе бидат пресметани во наредните денови, но зборуваме за 150.000 долари собрани средства“, додаде тој.

Фото: Инстаграм/ Валтери Ботас

Ботас ја добил идејата за календарот откако неговата партнерка Тифани Кромвел го фотографирала како лежи гол во потокот во Аспен. Таа фотографија брзо стана хит на социјалните мрежи, односно на Инстаграм и брзо беше продадена во хуманитарни цели.

„Луѓето ме прашуваа „Зошто го направи тоа? Зошто сакаш да го покажеш својот задник? Но, кога го објаснив добротворниот аспект, луѓето го сфатија тоа. Многу се забавувавме правејќи ги тие фотографии“, изјавил Ботас.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот