ФОТО + ВИДЕО | Нотр Дам во Холандија: Зелената катедрала што умира и повторно расте

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Во близина на градот Алмере во Холандија, во близина на Амстердам, живее Зелената катедрала (De Groene Kathedraal), уметничко дело потпишано од холандскиот автор Маринус Боезем.

Таа навистина живее. Станува збор за „ленд арт“ (land art) проект кој, заедно со малку бетон, се состои од 178 стратешки засадени ломбардиски тополи. Тие се засадени токму за да го имитираат планот на катот на катедралата Нотр Дам.

Необичната катедрала е долга 150 метри, широка 75 метри и се издигнува на висина од 30 метри, што е доста импресивна глетка, пишува „Пункуфер“.

Уметникот Маринус Боезем ја развил идејата за Зелената катедрала во 1978 година, а на покана на инженерот Ријксдиенст Ијселмерполдерс, во 1987 година засадил тополи според планот на црквата Нотр Дам во Ремс.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Како голем вљубеник во готската архитектура, во стил инспириран од природата чии структури и украси се инспирирани од гранки, стебла и лисја, Бозем ја направи својата катедрала од дрвја.

Бетонските патеки меѓу дрвјата ги имитираат попречните сводови во обичните катедрали и си играат со концептите долу и горе, така што непостоечкиот покрив се чини дека се огледува на земјата, додека школките расфрлани околу дрвјата потсетуваат дека овде, не толку одамна, имало море.

Всушност, постои уште една катедрала, „контра-катедрала“ или негатив на катедралата, која била изградена неколку години по Зелената катедрала. Во близина, во млада букова шума, направена е чистинка со еднакви димензии и во форма на катедрала.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Имено, тополите од кои е изградена Зелената катедрала живеат само околу триесет години, така што катедралата има многу ограничен рок на траење. Така тополите ќе поминат, но младата букова шума околу чистината ќе порасне и катедралата ќе остане на нов начин. Така, циклусите на животот и смртта на катедралата се совршено усогласени со истите циклуси во природата.

Зелената катедрала стана популарно место за свадби, погреби и екскурзии. И тоа со велосипед или, на крајот на краиштата, тоа е во Холандија, со кану.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот