ФОТО: Ветерот прави пустош низ Скопје, скршени дрвја и гранки

Фото: Слободен печат

Топлиот и на моменти силен ветер кој дува низ целата земја и ги разгорува пожарите, прави проблеми и во урбаните средини.

Имено, поради ветерот и сушата, се кршат цели дрвја и гранки, па според фотографиите не е безбедно да се движат граѓаните.

Огромно паднато дрво е забележано кај Зелениот пазар при што е оштетено најмалку едно возило.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат

Уште една ситуација е забележана во Карпош 4, на улицата „Вич“ каде е падната поголема гранка од дрво.

Фото: Слободен печат

Надлежните градски служби се излезени на терен и работат на отстранувањето на паднатите дрвја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот