ФОТО | Уште сум во пубертет: Бора Чорба ја истетовира 28 години помладата сопруга преку цела рака

рибља чорба
Фото: Принтскрин/Инстаграм

Познатиот српски музичар Бора Ѓорѓевиќ (71) пред камерите ја покажа новата тетоважа, која ја направил од љубов кон 28 години помладата сопруга Дубравка, пишува српски „Блиц“.

Фото: Принтскрин / РТС

– Да ви покажам… Тоа е Дубравка. Таа е секогаш тука, присутна – истакнал тој, а потоа покажал како изгледа цртежот на неговата рака.

– Патем, тоа е слика од концертот, додека таа занесено ме слушала… Тоа беше уште додека таа занесено ме слушаше… (се смее) Се разбира, се шегувам! – изјавил Бора Ѓорѓевиќ во емисијата на Мира Адања Полак, која е снимена во Љубљана, каде што живее со години.

– Сè уште не сум забележал дека стареам, уште сум во пубертет! Факт е, сепак, дека почнаа да се расипуваат делови… (смеа) – истакна тој.

До уши е вљубен во сопругата, покрај која нашол сè што барал во животот, а од животот во Словенија е презадоволен.

Фото: Принтскрин / РТС

– Да не дојдев овде, веројатно ќе згаснев некаде по пат, премногу дивеев, претерував. Сфатив дека одам во погрешна насока кога деловите почнаа да откажуваат, а нема резервни делови. Забележав дека би било добро да одам кај генералот… (се смее) Се запуштив, не реагирав веднаш. Тоа е толку логично, нели… Човек си мисли: „Ќе туркам додека можам“ – рекол Бора.

– Не се грижев. Сега знам покрај кого сум, со кого живеам, кој ме сака, логично е да потраам што подолго, чувствувам љубов и од луѓето – заклучил Бора во емисијата.

ФОТО | „Рибља чорба“ и „Атомско склониште“ покажаа дека за љубов и за рок треба да се има душа

 

ВИДЕО | Откако се појави веста дека завршил на Ургентно, Бора Чорба се огласи и порача…

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот