ФОТО | Тошиќ е минато: Карлеуша се бакнува со Азис

Азис и Јелена Карлеуша/Фото: Принтскрин - Инстаграм

Српската пејачка Јелена Карлеуша на својот инстаграм – профил сподели фотографии со бугарската ѕвезда Азис и предизвика општ хаос на социјалната мрежа. Илјадници коментари осамнаа под фотографијата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Карлеуша на фотографиите позира во златен сценски костим со многу детали, но една од објавите привлече најголемо внимание. Јелена сподели фотографија на која се бакнува со нејзиниот колега од Бугарија – Васил Тројанов Бојанов, попознат како Азис, со кого го сними популарниот хит „Остављам те“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Се чини дека колегите се во одлични односи, и дека сè уште се многу блиски, па Јелена во описот на фотографијата не го криеше задоволството од повторната средба:

„Мило ми е што те гледам. Мојот бугарски брат и суперѕвезда, Азис! Каква ноќ во Цирих, ова треба почесто да го правиме!“ – таа напиша.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jelena Karleuša (@karleusastar)

Азис и Карлеуша имале заеднички настап во најголемиот град во Швајцарија, Цирих, во познат ноќен клуб.

Пејачката се разведе од својот сопруг, фудбалерот Душко Тошиќ по 14 години брак. Односиме меѓу сега веќе поранешните сопружници се влошија откако Карлеуша го пријави сопругот Тошиќ за семејно насилство на Божиќ, откако тој наводни ѝ удрил шлаканица. По пријава во полицијата и развој на настаните на фудбалерот му беше изречена забрана за приближување.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот