ФОТО | Том Круз има нова девојка: Руска богаташка 25 години помлада од него

Том Круз на австрализката премиера на „Mission: Impossible - Dead Reckoning Part One“ во јули годинава / Фото: EPA-EFE/BIANCA DE MARCHI

Откако со години немал официјален партнер, Том Круз (61) веројатно си нашол љубов во прегратките на руската богаташка Елсина Керова, ќерка на истакнат пратеник во парламентот во Русија и поранешна сопруга на олигархот, кој тргува со дијаманти, Димитриј Цетков. Парот бил забележан заедно на престижна забава во Лондон, а извори за „Дејли Мејл“ тврдат дека биле многу блиски.

“Тие беа неразделни, очигледно дека се пар. Тој изгледаше опседнат со неа”, изјавил неименуван извор за „Дејли меил“ кој бил и самиот на забавата, за која посочува дека речиси целосно била составена од руски гости.

Изворот потврдил и дека парот се појавил на забавата околу 21 часот, и дека заедно танцувале на иста забава и си заминале дури во раните утрински часови.

„Круз беше многу пријателски расположен со сите, тие постојано бараа да се фотографираат со него, но тој учтиво одби. На крајот, диџејот мораше да каже на руски дека г-дин Том Круз не сака никакви фотографии. Тој го помина поголемиот дел од ноќта танцувајќи со Елена, но во еден момент само се вметнал среде група други жени“, рекол извор од местото на настанот.

Фото: Инстаграм/elsina_k
Фото: Инстаграм/elsina_k

Елена, која е британска државјанка, претходно била во брак со рускиот тајкун Димитриј Цетков, со кого имале неверојатно богатство – вила од 22 милиони фунти во Сари и куќа од 18 милиони фунти во Лондон. Сопружниците поседувале и имот во Дубаи и Кипар, како и скапи автомобили, накит и колекција на скапи уметнички дела.

Нивниот бурен и тежок развод се најде на насловните страници на руските таблоиди, откако 36-годишната девојка била обвинета дека криела значителни средства од нејзиниот поранешен сопруг, вклучувајќи ја и нејзината колекција дизајнерски чанти вредни милиони фунти. Таа се бранела дека нејзиниот отуѓен сопруг е „еден од најбараните на списокот на Кремљ“.

ФОТО | Невиден гламур: Том Круз со дамите блеснаа на светската премиера на „Mision: Impossible 7“ во Рим

Откако ја „откачи“ за Кејти Холмс: Том Круз сака да ја обнови врската со Софија Вергара

Шакира го моли Том Круз да ја остави на мир, очаен е да излезе со неа

Го заборави Пике: Шакира се дружеше со Том Круз на Големата награда на Формула 1 во Мајами

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот