ФОТО | Стари се 5.000 години и никогаш не биле отворени: Откриени садови со остатоци од вино од древен Египет

Приказ на производство на вино Фото: Francis Dzikowski / akg-images / Profimedia

Во Египет археолозите открија стотици антички садови со остатоци од вино, старо 5.000 години, пишува „Њусвик“.

Тим од истражувачи открија запечатени садови со вино, за кои веруваат дека никогаш не биле отворени, како и добро сочувани семки од грозје во кралската некропола Ум ел Кааб, соопшти египетското Министерство за туризам и антиквитети.

„Откриени се запечатени, недопрени садово со видливи, добро сочувани семки од грозје. Ова има потенцијал значително да го подобри нашето разбирање за најраното производство на вино, неговата употреба и трговија во древниот Медитеран“, изјави Емлин Дод, професор на Институтот за класични студии на Универзитетот во Лондон.

Некрополата, сместена во срцето на античкиот град Абидос, е место со неколку кралски гробници од раниот династички период, кој траел приближно четири века околу почетокот на III милениум п.н.е. Уште од 1970-тите, Германскиот археолошки институт во Каиро го ископува овој локалитет.

„Извонредната старост на овој материјал влијае на клучното разбирање на хронолошките пресвртници, бидејќи знаењето за одгледување винова лоза и производство на вино се шири југозападно од местото каде што се верува дека потекнува, во областа на денешна Грузија, Ерменија и Иран, а преку Мала Азија до Египет“, додаде тoj.

Откривањето на вака стари садови е многу ретко, а откривањето на запечатени садови за вино е уште поретко. Самиот факт дека тие се недопрени ќе влијае на разгледувањето како да се соберат податоци за тоа вино. Анализата на садовите и нивната содржина може да дадat значајни информации за производството на вино од тој период.

„Анализите на остатоците во садовите, на пример, би можеле да го покажат хемискиот состав на виното што некогаш било внатре, што би можело да го открие вкусот и адитивите што ги користеле. На пример, Римјаните подоцна додале зачини, мед и морска вода за да го сменат вкусот“, изјави Дод.

Садовите за вино се откриени во гробницата на кралицата Мернеит, мистериозна египетска владетелка од Првата династија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот