ФОТО | Срамен потег: Најдобриот голман на СП славеше со трофејот во меѓуножјето

Фото: Screenshot

Аргентина денес го освои Светското првенство откако на пенали славеше против Франција. Еден од хероите на Аргентинците беше голманот Емилијано Мартинез.

Мартинез беше воодушевен и по натпреварот славеше низ солзи, но направи и еден непримерен гест. Откако беа поделени наградите Аргентинците се собраа да го кренат најпосакуваниот трофеј, а токму тогаш следуваше еден срамен гест на аргентинскиот голман.

Наградата за најдобар голман која ја заслужи со одличните настапи во текот на Мундијалот и финалето заврши во неговото меѓуножје. Со овој потег тој доби голема доза на критики и за многумина покажа непочитување кон една престижна награда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот