ФОТО | Сопругата на Роби Вилијамс итно пренесена во болница поради мистериозна болест

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Сопругата на британскиот пејач Роби Вилијамс, Ајда Филд, пред неколку дена завршила во итната помош. Веднаш била префрлена во болница, а претходната вечер била со сопругот, актерката Џоан Колинс и Перси Гибсон во познат ресторан во Лос Анџелес.

На Ајда Филд ѝ се слошило откако уживала во луксузниот ресторан со сопругот и пријателите. Веднаш ја однеле во болница каде била лекувана со интравенска канила, како што напишала на Инстаграм.

Ајда објави фотографија на Инстаграм на која се гледа како е приклучена на апарат, додека чека лекарски преглед.

Фото: Принтскрин /Инстаграм

Таа открила дека ѝ биле направени тестови.

„Докторот ми објасни сè, многу сум благодарна.“

Ајда не открила што ја предизвикало итната медицинска реакција.

„По сликата на совршена вечер, крајот на вечерта не беше толку совршен. Се вратив. Му благодарам на мојот прекрасен сопруг Роби што беше покрај мене“, напишала Ајда претходно на Инстаграм.

Роби Вилијамс и Ајда Филд се во брак од 2010 година и имаат четири деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот