ФОТО | Сите зборуваат за Иванка Трамп само за еден детаљ: „Кога лаже, наместо носот, ѝ расте вратот“

Фото: Профимедиа

Најстарата ќерка на Доналд Трамп, Иванка Трамп, се појави на суд, каде сведочеше на судењето на нејзиниот татко.

Камерите ја снимија Иванка, а тие фотографии станаа вирални, бидејќи некој забележал дека Иванка има долг врат.

 

„Дали ми се чини само мене или Иванка Трамп има екстра долг врат? Ова не се фотошопирани или уредувани фотографии“, напишал корисникот на социјалната мрежа Икс (до неодамна Твитер).

„Сега видов колку долг е вратот на Иванка Трамп, не можам, а да не го видам тоа“, „Кога Иванка Трамп лаже, наместо нос, нејзе и расте вратот“, се дел од коментарите.

 

Инаку, нејзиниот татко наводно збеснал кога слушнал дека неговата миленичка ќе мора да сведочи на суд.

„Она што не го слушате на суд е колку е вознемирен Доналд Трамп што неговите деца се донесени на суд. Чувствува дека ова е уште еден потег што ќе го вознемири. Тој е бесен. Ова и создава проблеми на Иванка, која силно се трудеше да остане под радарот во изминатите две години и се подготвува медиумите и папараците кои ќе навалат на неа на суд“, изјавил за „Пејџ сикс“ извор запознаен со случувањата во семејството Трамп.

Синовите на Трамп, Дон Помладиот и Ерик, веќе сведочеа, а во понеделникот сведочеше и самиот Трамп.

„Тој знае дека Дон Помладиот и Ерик може да го преземат притисокот и да возвратат“, открила блиска личност до семејството Трамп, додавајќи дека Иванка е поранлива откако се оддалечи од политиката.

 


Но, друг извор тврди дека Иванка е борец.

„Таа е силна… Ова не е првата непријатна работа на која е изложена. Ќе го направи тоа што треба и ќе се врати во Мајами“, смета тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот