ФОТО | Што се случило со Шерон Стоун? Актерката направила драстична промена за 65-тиот роденден

Фото: Инстаграм

Холивудската актерка Шерон Стоун се пошегува на социјалните мрежи дека го одбележала својот 65-ти роденден со опсежна пластична операција, објавувајќи фотографија на која нејзините усни изгледаат драматично поголеми.

„Го направив тоа. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму она што го сакате”, напишала таа.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Меѓутоа, „Индипендент“ пишува за што, всушност, се работи – овој екстремен изглед Шерон го постигнала благодарение на „Wax Lips“, бонбона со вкус на цреша во форма на преголеми, црвени усни.

„Изгледа сосема природно“, „Едвај ја гледате разликата. Убаво направено“, се пошегувале нејзините следбеници.

Инаку, актерката и претходно зборуваше за честото третирање со ботокс, сѐ додека не доживела мозочен удар, кој ја принудил повторно да размисли за зафатите.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)

Имено, минатиот септември за „Вог Арабија“ Шерон открила: „Имаше периоди на слава кога ставав ботокс, филери и слично, а потоа доживеав голем мозочен удар и деветдневно крваење во мозокот и морав да имам повеќе од 300 инјекции ботокс и филери со цел да се врати едната страна од лицето“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sharon Stone (@sharonstone)


Ова потресно искуство го променило начинот на кој таа дотогаш гледала на естетските операции, претворајќи ги од „сладок луксуз во еден вид болна невролошка потреба“.

И покрај тоа искуство, рекла Стоун за магазинот, таа се чувствува „навистина среќна“ и „никогаш не била толку радосна“.

„Се чувствувам како ова да е највозбудливиот и најкреативниот период во мојот живот“, рекла актерката.

Шерон Стоун: Го изгубив старателството над синот поради филмот „Basic Instinct“

„Тоа е вистинска комедија“: Шерон Стоун се пошегува на сметка на својот љубовен живот

Продолжува кралската премиера на Џејмс Бонд: Шерон Стоун го придружуваше Принцот Алберт во Монако

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот