ФОТО | Што јаде тениската ѕвезда: Новак Ѓоковиќ има специјално мени, а не планира да јаде месо

Новак Ѓоковиќ/Профимедиа
/ Alamy / Alamy / Profimedia

Светскaта тениска ѕвезда, Новак Ѓоковиќ не крие од јавноста дека има специјален режим на исхрана, но и дека пред напорните тренинзи, својот организам го храни и негува на посебен начин.

Околу неговиот вегански начин на исхана имаше многу контроверзии, се пишуваа разноразни приказни, а многумина беа загрижени дека недостатокот на протеини од месо ќе му предизвикаат проблеми и Новак ќе изгуби од физичката сила.

Ѓоковиќ сепак покажуваше извонреди резултати, а изворот „Србија данас“ откри како најдобриот спортист на светот се храни и што всушност бира кога отвора мени.

„Новак е многу дисциплиниран кога станува збор за исхраната. Да биде успешен во спортот, тој мораше да го промени целиот свој живот и пристапот кон храната. Уште во рано детство сфати дека за посакуваните резултати потребно е дисциплина, а таков е за сите останати полиња во животот, па и во исхраната“ – изјави извор близок до Ѓоковиќ, кој е задолжен за неговото мени, покрај огромниот тим.

Тој додаде дека за оброците на тенисерската ѕвезда се грижат преку 10 готвачи и неколку нутриционисти, задолжени за распоредот на разновидна исхрана.

„Му го подготвуваат менито, бираат намирници, пресметуваат нутритивни вредности и внимават на секоја ситница. Нутриционистите се консултираат со неговиот тренер и зависно од тренингот и силата која му е потребна во периодот, така се подготвуваат адекватни количини храна“

Според него, Новак Ѓоковиќ не е пребирлив кога станува збор за подготвените оброци.

„Тој не пребира многу, и јаде она што му се сервира. Изнајми врвни професионалци и верува во нивните одлуки. Еднаш во три месеци јаде риба, а месото го замени со вегански рецепти. Внесува доволно течности, пие цедени сокови и јаде многу зеленчук. Важно му е храната да е здрава, свежа и затоа намирниците се исклучиво органски. Има повеќе мали оброци во денот, кои ревносно ги следи за да не го промени метаболизмот кој веќе си има создадена навика како да работи. Му одговара редуцираната исхрана и засега не планира да конзумира месо“ – изјави изворот.

Во една пригода, кога беше „уловен“ како јаде торта, социјалните мрежи се шегуваа дека се откажал од својот префинет начин на исхрана, но во објаснувањето на фотографијата стоеше дека „тортата е веганска и без шеќер“

Новак Ѓоковиќ/Фејсбук
Новак Ѓоковиќ/Фејсбук

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот