ФОТО | Шербеџија го посвети концертот во Битола на Горјан Тозија

раде шербеџија
Раде Шербеџија / Фото: Принтскрин/Фејсбук

Легендарниот актер, режисер, поет и музичар Раде Шербеџија викендов настапи пред битолската публика со концерт на кој го претстави својот албум „Не свртувај се, сине“ (Ne okreći se, sine) во Центарот за култура во Битола.

Шербеџија во актерски стил, го промовираше својат музички албум, пеејќи со и за публиката, шармирајќи ги присутните.

Познат по својата неверојатна харизма и овојпат ја одушеви пубпиката која ја сочинуваа неколку генерации.

На концертот за паметење Шербеџија ги изведе нумерите од последниот албум „Не свртувај се сине“, но публиката имаше можност да ужива и во добро познатите стари хитови на овој уметник – „Барбара“, „Инес“, „До последен здив“, македонската народна песна „Елено ќерко“ и други.

Шербеџија, сопственик на бројни улоги и песни, пред битолската публика изјави:

„Концертот го посветувам на Горјан Тозија-Медо, на тој прекрасен човек кој, за жал, прерано замина.“

Шербеџија воедно и јавно да ја осуди војната што се води во Европа и изрази жалење за жртвите од војните во кои најчесто страдаат деца.

Легендарниот актер со светска слава, кој со култната улога на Александар во филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, пред повеќе од четврт век беше дел и од големиот меѓународен успех на ремек-делото на македонската филмска уметност, изненади со овој албум – „Ne okreći se, sine“, традиционално, во издание на дискографската куќа „Кроација рекордс“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот