ФОТО | Се појави фотографија од визата на Георгина, наведена како „робинка“ и „сопственост“ на Роналдо

Фото: Принтскрин Твитер

На интернет кружи документ и фотографија од визата на Георгина Родригез, а еден детаљ предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

Имено, во документот Георгина Родригез е означена како „робинка“ и „сопственост“ на фудбалерот Кристијано Роналдо.

 


Парот наводно од саудиските власти добил посебна дозвола за заеднички живот. Заедничкиот живот на двајца невенчани е инаку забранет со државните закони на Саудиска Арабија.

Жените во Саудиска Арабија немаат независност ниту автономија, а славниот пар не е официјално во брак, што значи дека според тамошните закони не би можеле да живеат заедно.

Арапскиот „Си-ен-ен“ ги контактирал властите во Саудиска Арабија по повод документот, но не добил никаков коментар. Тие напишале и дека документот е веројатно лажен, меѓутоа, без официјална потврда не е можно да се потврдат ниту демантираат овие гласини.

георгина родригез
Фото: Инстаграм

Да потсетиме, Роналдо и неговото семејство неодамна се преселија во Саудиска Арабија, каде живеат по нови правила. Георгина неодамна ги прекршила правилата на облекување на вечера со свршеникот, појавувајќи се во кратко здолниште, поради што ѝ се заканува парична казна.

Имено, во Саудиска Арабија владее шеријат и жените се должни да го покриваат целото тело. Кодексот на облекување налага „скромност и пристојност“, па така не смее да се носи тесна ниту проѕирна облека.

Инаку, Георгина порано се пожали дека нивните деца ги тепаат во училиште.

„Постојат моменти во училиштетп кога деца ќе ги удрат, а тие не се бранат – изјавила Георгина, па потоа ја опишала ситуацијата. „Пред некој ден едното дете дојде дома и почна да плаче. Го прашав што се случило, а доби одговор: ‘Ме удри едно дете’. Му реков: ‘Зарем не знаеш како да се одбраниш?’“, навела Георгина во едно интервју.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот