ФОТО | Ријана позира провокативно во долна облека: Ги покажа раскошните облини 7 месеци по породувањето

Фото: Instagram / badgalriri

На задоволство на обожавателите, Ријана сподели фотографии на инстаграм-профилот со новата колекција на долна облека. Пејачката и претприемач ги покажа своите раскошни облини додека ја промовираше сопствената колекција на градници, долна облека и облека за спиење.

На фотографиите Ријана се лежи на хотелски кревет со чаршафи и перници од нејзиниот бренд. Пејачката позира додека потпишува огромна хотелска сметка на сребрен послужавник.

Фото: Instagram / badgalriri

„Толку долга сметка…Стави ја на друга соба“, напиша таа покрај фотографиите.

Фото: Instagram / badgalriri

Многумина беа восхитени како таа изгледа само 7 месеци по породувањето, но пејaчката доби и критики од своите следбеници кои ѝ порачаа дека го чекаат нејзиниот нов албум.

Фото: Instagram / badgalriri

„Никогаш не си изгледала подобро“; „Ти си супер!“; „Дали јас сум единствениот што ја зголеми фотографијата и сметката е 45 илјади долари?“; „Нејзиниот список на изговори за тоа што нема албум“; „Девојко, ајде сега да одиш во студио“, беа дел од коментарите.

Фото: Instagram / badgalriri

За потсетување, пејачката и нејзиниот долгогодишен партнер раперот Ејсап Роки се родители на синовите РЗА (22) и Рајот (7 месеци). Ријана и Ејсап, чие вистинско име е Раким Мајерс, беа пријатели долги години и работеа заедно пред да се заљубат и да основаат семејство пред четири години.

ФОТО | Ријана е непрепознатлива: Пејачката драстично го промени имиџот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот