ФОТО | Ребека ужива со синовите на белите падини на Маврово: По скијање, следи топла супа

Ребека/Facebook
Ребека/Facebook

Снежните денови на Маврово се полн погодок за уживање со семејството и скијање. Нашата позната пејачка Ребека заедно со синовите уживаат на белите падини, а таа сподели на својот фејсбук профил фотографии, но и куси видеа од „авантурите“ на снегот.

На фотографиите се гледа задоволното лице на мама Ребека, но и радоста во очите на децата, кои уживаат на снегот и убавото време. Освен активностите на снег, тие споделија и дека по добро потрошена енергија на стазите, важно е да се јаде топла супа.  А што е подобро после напорен, снежен ден, ако не нешто топло?

Пејачката Ребека Јанковска- Тренкоски е во брак со својот партнер докторот Мики Ристески и заедно ги имаат трите сина, Маркијан и близнаците Доротеј и Макариј.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот