ФОТО | Прво огласување на Кејт Мидлтон по долга пауза: Принцезата објави фотографија на посебен ден

Кејт Мидлтон / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

По налог на Кенсингтонската палата на Инстаграм е објавена фотографија од најмладиот син на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам, принцот Луис, по повод неговиот шести роденден. Фотографијата ја направила неговата мајка.

На фотографијата се наоѓа насмеаниот принц Луис, кој денеска полни 6 години.

„Среќен шести роденден, принц Луис. Ви благодарам на сите за убавите желби“, пишува во описот на фотографијата.

Принц Луис / Фото: Принтскрин/Инстаграм/Кенсингтонската палата

Ова е прво јавно огласување на принцезата од Велс по долго време откако таа се повлече од јавниот живот по објавувањето дека боледува од рак. Фотографијата на младиот принц ја снимила Кејт, која досега многупати фотографирала детски портрети.

Според пишувањето на „Скај њус“, фотографијата е направена последните неколку дена во Виндзор.

Медиумите пишуваат дека принцот Вилијам и принцезата Кејт ја објавиле фотографијата за да им се заблагодарат на сите што им испратиле честитки, а во исто време за да ја заштитат својата приватност.

Изминатите неколку месеци беа предизвик за семејството откако Кејт објави дека боледува од рак.

Иако се зборуваше дека таа најверојатно ќе се врати на кралските обврски по Велигден, тоа сè уште не се случило.

ФОТО | Прво огласување на принцот Вилијам откако Кејт Мидлтон откри дека има рак

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се трогнати од љубезните пораки од јавноста по дијагнозата

Кејт Мидлтон се врати на социјалните мрежи: Принцезата сподели емотивна објава, прва откако откри дека има рак

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот