ФОТО: Протест против организаторот на СП

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Непосредно пред започнување на свечената церемонија на која ќе се одредат групите за претстојното Светско првенство во фудбал, пред седиштетот на ФИФА во Цирих се одржаа протести против организаторот.

Германскиот уметник Фокер-Јоханес Триб остави 6.500 фудбалски топки исполнети со песок пред седиштето на ФИФА, кои претставуваат 6.500 работници што загинале додека работеле на изградба на стадионите за Светското првенство во Катар.

Фото: EPA-EFE/ENNIO LEANZA

Бројни организации за човекови права побараа на Катар да му се одземе организацијата на турнирот поради непочитување на човековите права и тешките услови на печалбарите ангажирани во изградбата на објекти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот