Фото: Профимедиа

ФОТО | Принцот Вилијам и Кејт денес прославуваат 10 годишнина од бракот: Два нови портрета на омилената кралска двојка!

Деценија полна љубов…

По тој повод, кралскиот пар објави два нови портрета кои ги сними британскиот фотограф Крис Флојд во градината на нивниот дом, односно палатата Кенсингтон.


На првата фотографија Вилијам и Кејт се држат за раце опкружени со дрвја и зеленило. Кејт носи цветен син фустан со долги ракави од брендотGhost London“, а Вилијам е облечен во сина кошула и џемпер.

На втората фотографија, насмеаната Кејт ја потпира главата на рамото на Вилијам, додека тој истовремено се смее кон камерата. Станува збор за фотографија која потсетува на нивниот портрет од веридбата од 2010 година.


Принцот Вилијам и војвотката од Кембриџ се сретнаа додека беа на колеџ, а веридбата беше објавена на 16 декември 2010 годинаНивната свадба од бајките, која се одржа во Вестминстерската опатија на денешен ден 2011 година, беше проследена од милиони луѓе ширум светот. 

Двојката има три деца – седумгодишниот принц Џорџ, принцезата Шарлот, која во недела ќе го прослави својот 6-ти роденден и принцот Луис, кој минатата недела наполни 3 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот