ФОТО | Принцот Џорџ го прослави 10. роденден: Сите велат дека е копија на прицот Вилијам

Фото: Профимедиа

Принцот Џорџ вчера беше во центарот на вниманието во Велика Британија. Било весело во палатата Кенсингтон, резиденцијата на кралското семејство, додека најстариот син на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон го славел својот јубилеен 10-ти роденден. По овој повод традиционално беше објавен и нов портрет од принцот Џорџ.

Во лежерно издание, карирана кошула и зелени панталони, насмеан и опуштен, малиот принц, кој е втор во редот за престолонаследник, е неодолив, а исто толку неодоливо потсетува на својот татко. Не само со ликот, туку и со стајлингот.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Често се појавува во кафеави чевли слични на оние кои обично ги носи принцот Вилијам.

Момчето изгледало и многу самоуверено додека позирало пред фотографката Мили Пилкингтон во Виндзор на почетокот на овој месец.

Фото: Hugo Burnand/Royal Household 2023/Profimedia

Џорџ обично е срамежлив пред камерите, но веќе е свесен дека еден ден го чека важна улога, односно британскиот трон. Неговите родители полека го воведуваат во кралскиот и јавниот живот, а според се што покажа досега, одлично се снаоѓа.

принц џорџ
Фото Профимедиа

Не покажува нетрпение кога ќе се најде на некој настан на кој сите погледи се вперени во него, во што се уверивме и минатата недела, кога тој и неговата сестра Шарлот храбро издржаа речиси пет часа на трибините, бидејќи финалниот натпревар на Вилмблдон се одолжи.

Иако е на распуст, Џорџ деновиве им прави друштво на родителите на различни настани во Лондон.

Инаку, малиот принц особено е заинтересиран за спорт – го претставува своето училиште на натпревари во крикет, сака да едри, а велат дека е одличен пливач.

Крунисувањето на Чарлс Трети го следеле околу 14 милиони гледачи на Би-Би-Си

По секоја цена сакал да спречи една работа: Кралот Чарлс ја исфрли саканата асистентка на кралицата Елизабета

Принцот Џорџ и принцезата Шарлот вчера скршија многу срца, ова беше нивната прва и најважна улога

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот