ФОТО | Прекрасна трудница: Српската актерка блесна на црвениот тепих на Оскарите

Фото: Profimedia

Свечената церемонија на доделувањето на филмските награди Оскари е и своевиден моден спектакл, настан којшто го гледаат милиони луѓе ширум светот. Еден од најубавите изгледи на годинашното издание беше она на српската актерка и манекенка Нина Сеничар (38), која продефилира на црвениот тепих во друштво на нејзиниот сопруг Џеј Елис (42).

Таа се појави во тесен црн и плишан фустан со потпис на грузиската модна куќа „Мач & Мач“, кој совршено ѝ го истакна трудничкиот стомак, со чевли од италијанскиот луксузен бренд „Џанвито Роси“ и накит од американскиот бренд „Дејвид Јурман“. Целиот изглед го заокружи со црна чанта со сребрени детали.

Фото: Amy Sussman / Getty images / Profimedia

Што се однесува до косата, за која се погрижи познатиот стилист Крис Мартин, таа се одлучи за благо навиткана коса, а шминката ѝ беше дискретна и само ѝ ја истакна убавината. За тоа се погрижи шминкерката Мина Абрамовиќ.

Нејзиниот сопруг, пак, се одлучи за малку покласична комбинација – црно сако, бела кошула и сиви панталони.

Фото: Amy Sussman / Getty images / Profimedia

Да потсетиме, Сеничар и Елис се свршија на почетокот од 2019 година, за време на нивниот одмор на Бали, а решија да се венчаат во романтичната Италија.

Сеничар блесна во венчаница на модната куќа „Долче и Габана“, направена специјално за неа, а Елис избра елегантен бордо костум.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот