ФОТО | „Подготвени за лето“: Кејт Хадсон ужива во топлес издание покрај базен

Фото: Инстаграм/Кејт Хадсон

Топлите денови се пред нас, а за американската актерка Кејт Хадсон (44) летото е официјално започнато.

Имено, таа го искористи убавото време за да ужива покрај базен со своите деца, а на социјалните медиуми објави неколку фотографии во минијатурно бикини, без горниот дел од костимот за капење.

„Сонцето е надвор, па и задниците се надвор #ПодготвениЗаЛето“, напиша актерката во описот на разголените фотографии.

Фото: Инстаграм/Кејт Хадсон

Додека некои обожаватели ја пофалија бидејќи самоуверено го покажува своето тело, други, пак, сметаат дека овие фотографии се прилично „евтини“.

„Згодна си, па покажи го тоа!“, „Веќе 20 години сум вљубен во тебе и секога година си се поубава“, „Кејт, прекрасна си!“, гласат дел од коментарите на фотографијата.

Фото: Инстаграм/Кејт Хадсон

Братот на актерката, Оливер Хадсон ѝ напиша шеговит коментар, во кој ја замоли да не објавува вакви провокативни фотографии.

„Оливер, летото само што почнува. Ќе биде уште подиво. Можеби треба да престанеш да ме следиш“, му одговори таа.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот