ФОТО | Обожавателите на Тејлор Свифт пет месеци кампуваат пред стадионот во Аргентина

Фото: Instagram/ Taylor Swift

Фановите на Тејлор Свифт во Аргентина со месеци кампуваат во шатори пред нејзината турнеја „Ерас“ да започне во аргентинската престолнина следната недела.

Најверните фанови на пејачката се собираат во голем број во близина на стадионот „Ривер Плата“ во Буенос Аирес со надеж дека ќе ги фатат најдобрите концертни места за трите распродадени концерти на 9, 10 и 11 ноември, пишува „Њујорк пост“.

Фото: STR / AFP / Profimedia

„Бевме во овој шатор пет месеци“, изјавила 21-годишна обожавателка, која сакала да остане анонимна.

Оваа девојка, исто така, признала дека нејзините родители не знаеле дека таа со месеци кампува пред стадионот помеѓу часовите на факултет и хонорарната работа.

И таа не е сама – покрај тротоарот веќе има многу шатори, кои потсетуваат на летен камп. Една обожавателка по име Кармен изјавила дека поминала 300 часа, или нешто повеќе од 12 дена, спиејќи надвор во редот. Коорганизаторите на импровизираниот камп водат евиденција за учесниците кои мора да бидат постари од 18 години.

Билетите за посакуваната светска турнеја на Тејлор Свифт беа тешко достапни, без оглед на тоа каде се одржува концертот, а несреќните обожаватели кои не добија однапред билети беа принудени да издвојат стотици, ако не и илјадници долари за своите места.

 

Добредојде во клубот: Тејлор Свифт стана милијардерка на 33 години

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот