ФОТО | Новак Ѓоковиќ се збогува од Жарко Лаушевиќ: Српскиот тенисер испрати емотивна порака

Фото: Принтскрин / Инстаграм / Фејсбук

Жарко Лаушевиќ по кратко и тешко боледување почина на 63-годишна возраст. Веста за неговата смрт одекна како „бомба“ низ целиот регион.

Во текот на целиот ден, покрај семејството и пријателите, од легендарниот актер се збогуваат и многу познати личности како, Милан Мариќ, Милан Раониќ, Светислав Гончиќ, Бранислав Лечиќ, Никола Роквиќ, Маја Николиќ…

Познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ исто така, со емотивна објава на својот инстаграм-профил се збогува од Лаушевиќ.

Ѓоковиќ се јави од Торино каде во моментов го игра последниот Мастерс во сезоната.

Тој на својот Инстаграм објави црно-бела фотографија од познатиот актер, покрај која стави три емотикони со срце и три емотикони кои се молат. Пораката е сосема јасна.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

Инаку, Лаушевиќ во текот на животот негуваше големо пријателство со Предраг Стојаковиќ и Владо Дивац кога станува збор за спортот, кои ги запознал во Америка и со задоволство се сеќавал на времето поминато со нив. Роден во Цетиње, го поддржувал локалниот клуб „Ловќен“.

Почина Жарко Лаушевиќ, веста за смртта ја објави сопругата Анита

„Ангелу мој, ќе лежам таму како куче“: Лаушевиќ ѝ напишал потресно писмо на сопругата од затвор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот