ФОТО | „Но пасаран, подадовме рака, ни ја бараат душата“: Галерија од протестот пред Влада

Протест пред Влада: Фото „Ултиматум-Не благодарам“

Пораки против францускиот предлог, апел да не се потпишува и барања за оставки се слушаа на вечерашниот протест пред Владата под мотото „Ултиматум – Не, благодарам”. Официјално немаше организатор, но беше поддржан од политички партии и граѓански организации кои сметаат дека предлогот од Франција е исклучително лош за македонскиот народ и македонските национални интереси.

Говорниците – јавни личности, новинари, професори и претставници на здруженија ја повикаа Владата да не го потпишува предлогот со порака „Македонија е се што имаме и од неа никогаш и под никакви услови нема да се откажеме”.

Протест пред Влада: Фото „Ултиматум-Не благодарам“

-Вечерва велиме „но пасаран”. Подадовме рака, ни ја бараат душата, а има ли цена душата… Отпорот ќе биде секогаш, а победата е загарантирана затоа што Македонија, Македонците, македонскиот јазик и историја, култура и идентитет се единствената вистина, беше порачано на протестот.

Според учесниците, негирањето на правото на самоопределување и условувањето на македонските европски интеграции со прифаќањето еднострано бришење на културната и историската посебност и еднострано непризнавање на јазикот, не е дел од критериумите за членство во ЕУ ниту правило меѓу државите членки.

Протест пред Влада: Фото „Ултиматум-Не благодарам“

-Да живее Македонија и никако капитулација… беше дел од пораките на протестот кој траеше час и половина и заврши без инциденти.

Учесниците најавија дека против прифаќање на францускиот предлог ќе излезат и утре на исто место и во исто време.

Протест пред Влада: Фото „Ултиматум-Не благодарам“

Протестот го поддржа и најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Христијан Мицкоски пред почетокот изјави за медиумите дека „нам не ни треба Европа ако треба да се асимилираме”.

– Јас не сакам да бидам во Европа затоа што имам право да бидам Македонец, кој говори на македонски јазик и кој се бори за својата Македонија, за својот идентитет, за својата култура, за својата историја и за своето наследство, рече Мицкоски.

Владата вчера го објави модифицираниот предлог од Франција, кој треба да се прифати како услов Бугарија да го тргне ветото и да се отворат преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.

Протест пред Влада: Фото „Ултиматум-Не благодарам“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот