ФОТО | Невообичаен фестивал во Јапонија: Десетици илјади голи мажи ќе се соберат на едно место за да го прослават животот

Фото: Profimedia

Секоја година во февруари, десетици илјади мажи се собираат во далечната Јапонија за да ја дочекаат пролетта на многу необичен начин, да го „пролават животот“ и да ги избркаат злите духови од нивните домови.

Невообичаениот фестивал се нарекува „Хадака Мацури“ (во превод: „Фестивал на голи мажи“) и започнва со собирање на повеќе од 10.000 голи мажи пред храмот кои извикуваат „Вашој, Вашој“ („Дојдовме, дојдовме“). Овој традиционален настан е еден од најпопуларните фестивали во земјата на изгрејсонцето, кој се одржува веќе 1.250 години, а оваа година, за првпат во историјата, на празничниот настан ќе се приклучат и жените, објавија јапонските медиуми, а пренесе „Гардијан“.

Жените, за кои се очекува да бидат околу 40, ќе бидат целосно облечени, ќе учествуваат во одредени ритуали, но нема да бидат дел од најважната церемонија, односно делот од фестивалот кога голите мажи се соочуваат еден со друг додека се обидуваат да ја пренесат својата лоша среќа на „избран човек“ со допирање.

Фото: Profimedia

Јапонката Ајака Сузуки, која се залагаше за укинување на забраната за жените, изјави за „Гардијан“ дека сакала да учествува на фестивалот уште од мала. Таа додаде дека ќе ја искористи можноста да се моли за безбедноста на своето семејство и за луѓето погодени од неодамнешниот смртоносен земјотрес на полуостровот Ното.

Фестивалот на голи мажи има богата историја која датира со векови наназад. Неговите корени често се поврзуваат со обредите на пролетната селидба на духовите, а се верува дека учеството во овој необичен ритуал носи среќа, здравје и изобилство на заедницата.

Датумот на фестивалот често паѓа во средината на февруари, што дополнително ја нагласува храброста на учесниците во соочувањето со студот.

Фото: Profimedia

Самиот чин на гол маж носи длабока симболика. Во јапонската култура, голите мажи се сметаат за симбол на храброст и чистота, а нивното присуство на фестивалот има за цел да донесе просперитет на локалната заедница. Илјадници храбри мажи, облечени само во „фундоши“, традиционална јапонска долна облека, создаваат уникатна сцена која ги воодушевува локалното население, но и забавува илјадници туристи од целиот свет.

Со оглед на тоа што жените годинава за првпат ќе се приклучат на фестивалот, Јапонија испрати силна порака до своите граѓани, но и до целиот свет. Имено, според локалните медиуми, активистите успеале во својот долгогодишен план, а тоа е да спречат дискриминаторска одлука и да го отворат фестивалот за сите луѓе, без разлика на нивниот пол или сексуална определба.

„Фестивалот го слави животот и ги исфрла сите лоши работи од нашите животи, а конечно дојде време и жените да учествуваат во него“, велат активистите во соопштението за медиумите испратено за оваа историски важна одлука.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот