ФОТО | „Муабет со легендарниот музичар“: Стево Пендаровски се сретна со Дино Мерлин

Фото: Фејсбук/Стево Пендаровски

Босанскиот пејач Един Дервишхалидовиќ, познат како Дино Мерлин, е еден од омилените изведувачи на македонската слушачка публика, која секогаш со голема радост ги посетува неговите концертни настапи кај нас.

Предновогодишно, Дино Мерлин синоќа одржа концертен спектакл во Скопје, поточно во арената „Борис Трајковски“, а вечерва е во тек и неговиот втор концерт пред неговите обожаватели во македонската метропола.

Непосредно пред вечерашниот концерт, македонскиот претседател Стево Пендаровски одржал неформална средба со Дино Мерлин во еден скопски ресторан.

„Пријатен муабет со легендарниот босански музичар Дино Мерлин пред неговиот вечерашен концерт во Скопје“, напиша Пендаровски во објавата на социјалните медиуми.

Како што може да се види на фотографиите, Дино Мерлин му врачил подарок на нашиот претседател од неговата продавница „Магаза“, која постои веќе три децении и се наоѓа во Башчаршија – старата чаршија во Сараево.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот