ФОТО | Меган и Хари ги изненадија сите и се појавија на премиерата на филмот за Боб Марли

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Војводата и војвотката од Сасекс отпатуваа во Јамајка и ги изненадија сите со своето појавување во театарот Кариб, лоциран во Кингстон, за да присуствуваат на премиерата на „Боб Марли: Една љубов“ (Bob Marley: One Love). Доаѓањето на Јамајка е од посебно значење за нив бидејќи беа таму на нивното прво заедничко патување во 2017 година.

Принцот Хари и Меган Маркл синоќа приредија вистинско изненадување синоќа кога пристигнаа на црвениот тепих на театарот Кариб во Кингстон, насмеани и држејќи се за раце, бидејќи нивното пристигнување не беше најавено.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Војвотката од Сасекс изгледала прекрасно во црн фустан со тенки прерамки, додека принцот Хари елегантно прошетал во темносин костум со бела кошула.

Премиерата на биографскиот филм кој го слави ликот и делото на музичката икона која инспирираше генерации беше очигледно повеќе од доволна причина Хари и Меган да ги спакуваат куферите и да отпатуваат во Јамајка, каде што не биле од 2017 година.

Меѓу присутните бил и синот на Боб, музичарот Зиги Марли.

Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Инаку, токму Јамајка е посебна во нивната врска, бидејќи таму за првпат заедно се појавија како пар на свадбата на пријателот на Хари, Том Инскип и Лара Јанг. Според пишувањето на кралската експертка Кејти Никол, која го открила овој интересен факт во книгата „Хари: живот, загуба и љубов“, токму на Јамајка Хари сфатил дека сака да се ожени со Меган, бидејќи токму таа е жената на неговиот живот.

„На крајот на вечерта, кога почнаа баладите, Хари ја одведе Меган на подиумот за последниот танц… Тогаш сфати дека ја запознал ‘вистинската’“, се вели во книгата на Кејти Никол.

Зиги Марли / Фото: BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

ВИДЕО | Меган Маркл повторно шокира: „Не, ова не е моето вистинско име“

Хари и Меган ја добија ќерката Лилибет Дијана

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот