ФОТО | Марија Шерифовиќ стана мајка: Објави емотивна фотографија од синот

Фото: Инстаграм / serifovic

Српската пејачка Марија Шерифовиќ доби бебе преку сурогат-мајка. Детето на пејачката се родило на почетокот на декември, ексклузивно дознава „Блиц“.

Пејачката на својот инстаграм-профил ја објави и првата фотографија од својот син, кој ќе се вика Марио. Покрај фотографијата таа напиша и емотивна посвета која ги трогна нејзините следбеници, колеги и пријатели.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

„Љубовта дојде. Небото го осветли најубавата ѕвезда во мојот живот. Се роди Марио. Нека те води животот по најубавите патишта синко, а јас ќе те штитам со мојата љубов од тага и од луѓето. Благодарам на секој што праќа љубов и нека биде тивко и топло сè што доаѓа од вас до него. Ве сакам сите М&М“, напиша пејачката.

Набрзо по објавата на Инстаграм, таа се огласи и во јавноста со кратка изјава за „Блиц“.

„Долго се подготвував за тој момент, безброј пати замислував во мојата глава како ќе изгледа… Ми кажаа и мајка ми и блиските пријатели, но тоа чувство е неописливо со зборови, нешто најпосебно… Ми изгледаше дека тие неколку минути првиот допир траеше прекратко или предолго… Едноставно толку многу емоции што го запираат секое друго чувство – вели поп ѕвездата во ексклузивна изјава за „Блиц“.

Како што пренесува српските медиуми момчето се родило на почетокот на декември со помош на сурогат-мајка, а гордата мајка го избра името Марио. Доаѓањето на детето, Марија го чувала во строга тајна, а за сè биле информирани само најблиските.

ВИДЕО | Хуманост на дело: Марија Шерифовиќ му помогна на бездомник, му плати кирија за цела година

Марија Шерифовиќ откри што добила од претседателот Тадиќ за победата на Евровизија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот