ФОТО: Македонскиот репрезентативец Николов ќе игра за турскиот Коњаспор

николов сутјеска мзт
Кристијан Николов лани ги бранеше боите на МЗТ Скопје Аеродром/Фото: ABA League j.t.d./Dragana Stjepanovic

Коњаспор го ангажираше 25-годишниот Кристијан Николов (187 см) кој досега ги бранеше боите на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Нашиот репрезентативец одлучи следната натпреварувачка сезона да ги брани боите на турскиот кошаркарски клуб Коњаспор.

Минатата сезона во дресот на „штрковите“ во Првата лига имаше просек од 7,6 поени, 1,9 скок и 3,6 асистенции по меч.

Тој имаше придонес во овојувањето на титулата на МЗТ и учеството во куп финалето. Исто така во АБА2 лигата имаше просек од 5,4 поени, 2,0 скокови и 2,8 асистенции.

Во Турција настапуваше уште за екипите на Галатасарај, Истанбул Бујукшехир Беледијеси, Јесилгиресун и Сокар Петким, а во нашата земја беше дел и од Еуро Никел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот