ФОТО: Македонија го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот дуел против Грузија

Македонските фудбалери тренираа на „Динамо Арената“ во Тбилиси, Грузија/фото: ФФМ

Македонската А репрезентација предводена од селекторот Благоја Милевски тренираше на теренот на „Динамо Арената“ во Тбилиси или „Борис Паичадзе“.

Во една добра атмосфера нашите најдобри играчи го очекуваат утрешниот натпревар од Лигата на нации против Грузија.

„Рисовите“ се подготвени за предизвикот и со желба да им возвратат на Грузијците за високиот пораз (0:3) во Скопје на првиот меѓусебен меч од групата „4“ во Лигата „Ц“.

Токму на овој стадион беше испишана историја кога со голот на поранешниот македонски репрезентативец Горан Пандев за првпат се пласиравме на Европско првенство.

Цела фудбалска и спортска јавноста се надеваме дека Македонија ќе направи нов добар резултат и одржување на шансите за освојување на првото место во групата.

фото: ФФМ
фото: ФФМ
фото: ФФМ

Алиоски: Не сме под притисок, победа во Тбилиси ќе ни донесе уште подобра атмосфера

Алиоски: Не сме под притисок, победа во Тбилиси ќе ни донесе уште подобра атмосфера

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот