ФОТО | Мајли Сајрус одржа лекција за изглед на Греми: 675 часа рачна работа и 14.000 златни безопасни биле потребни за секси фустанот

Фото: David Fisher / Shutterstock Editorial / Profimedia

Пејачката Мајли Сајрус од неделата стана главна тема на многу светски медиуми.

Мајли се појави на доделувањето на наградите Греми и покажа дека добро ја одработила „домашната задача“ со својот изглед.

Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Поп ѕвездата се погрижи да блесне на ваков важен настан, а нејзината креација ја потпишува брендот Мејсон Марџела.

Мајли Сајрус / Фото: Matt Baron/BEI / Shutterstock Editorial / Profimedia

Што се крие зад оваа креација, пејачката откри вчера преку објава на својот профил на Инстаграм.

– За овој фустан беа потребни 675 часа рачна изработка, 14.000 златни безопасни и е украсена со специјално избрани француски, антички мониста – нагласила Мајли Сајрус, која дефинитивно спаѓа меѓу дамите кои беа најдобро стилизирани на гала манифестацијата.

Мајли остави впечаток на египетска божица, а ова нејзино издание никого не остави рамнодушен. И додека некои ја прогласуваат Мајли Сајрус за една од најдобро облечените дами на доделувањето на наградите Греми, други мислат дека нејзиниот фустан „откри премногу“.

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

ФОТО+ВИДЕО | Тејлор Свифт испиша историја: Ја освои четвртата Греми статуетка за албум на годината и со една најава ги фрли обожавателите во транс

66. издание на наградите Греми: Тејлор Свифт, Били Ајлиш и Мајли Сајрус ја одбележаа вечерта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот