ФОТО | Мадона страсно се бакна со раперка на сцена: „Бакнувањето ни е како да разговараме“

Фото: Инстаграм/Мадона

Американската пејачка Мадона (65) настапи во арената „Медисон сквер гарден“ во Њујорк, како дел од нејзината концертна турнеја „Celebration“.

Секогаш авангардната „кралица на поп музиката“ сподели неколку фотографии и видеа од овој концерт и ја пофали младата раперка Токиша (27), која ѝ се придружи на сцената. Но, еден момент особено го привлече вниманието на обожавателите.

Фото: Инстаграм/Мадона

Имено, Мадона сподели фотографија на која се бакнува со Токиша, која ја нарекуваат и „Мадона од Доминиканската Република“, пишува „Дејли мејл“. Страсниот бакнеж бил дел од провокативната кореографија.

Фото: Инстаграм/Мадона

Но, ова не е првпат Мадона и Токиша да бидат фатени како се бакнуваат. Пред две години, тие ги наполнија насловните страници на медиумите со нивната близина на сцената на „Прославата на гордоста“ во Њујорк. Уметниците се долгогодишни пријателки, а во 2022 година соработуваа на ремиксот на хитот на Мадона – „Hung Up“.

Фото: Инстаграм/Мадона

Иако имаше гласини за нивната наводна врска, Токиша стави крај на шпекулациите инсистирајќи дека нивните бакнежи не се сексуални, туку се направени за публицитет.

„Бакнувањето ни е како да разговараме. Тоа не е ништо сексуално, повеќе е како вибрација“, објасни раперката.

ВИДЕО | „Ова е многу непријатно“: Мадона повторно ги згрози луѓето со провокативен настап

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот