ФОТО | Линда Евангелиста се врати на насловната на „Вог“: По изобличувањето, ми го затегнаа лицето со еластични ленти

Фото: Принтскрин/ Твитер/Профимeдиа

По долги години илегала, светскиот топ-модел Линда Евангелиста изненади со излгедот на насловната страница на британското издание на магазинот „Вог“ за септември. Таа откри дека го завиткала лицето во еластични ленти за снимањето и се отворила душата за својата борба повторно да се засака себеси по козметичката процедура која ја оставила, како што рече, „трајно изобличена“ и „брутално унаказена“.


Познатата 57-годишна манекенка и фотомодел се криеше во последните шест години откако имаше ретка реакција на третманот CoolSculpting кој требаше да ги намали нејзините масни клетки. Но, наместо тоа, масните клетки се зголемиле.

Евангелиста се подложила на две липосукции за да се обиде да го реши проблемот. Во февруари таа најави дека повеќе нема да живее криејќи се. Таа неодамна се врати на манекенството и изгледа фантастично на насловната страница на најновото британско издание на магазинот „Вог“ – објави „Дејли мејл“.


Евангелиста рече дека нејзината вилица и врат не изгледаат така во реалниот живот, туку дека шминкерот користел лента и еластички ленти, кои ги прекрила со шалови и капи, за да и го затегнат лицето.

Таа објаснила дека се труди да се сака себеси откако станала депресивна по неочекуваната реакција на третманите, и дека користењето на лентата и помогнало да се чувствува самоуверено додека повторно го прави она што најмногу го сака.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)


Во 90-тите беше еден од најпознатите супермодели, ги красеше насловните страници на најпознатите светски магазини, а носеше ревии за модните куќи „Шанел“, „Валентино“, „Долче и Габана“, Ралф Лорен, Џорџо Армани...

Таа престана да работи во 2016 година, се додека на Инстаграм не објави зошто одлучила да се повлече подалеку од очите на јавноста.

Евангелиста ја тужеше компанијата „Zeltiq Aesthetics“ за 50 милиони долари за штетата што ја претрпе бидејќи по третманот CoolSculpting повеќе не беше во можност да работи со оглед на тоа што резултатите беа спротивни од оние од рекламирањето на третманот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Linda Evangelista (@lindaevangelista)

ФОТО | Линда Евангелиста деформирана: Последица од козметички третман

Била толку убава што од кревет не станувала за помалку од 10.000 долари – Денес изгледа сосема поинаку (ФОТО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот