ФОТО: „Летечкиот“ Македонец Стефановски триумфираше и во Чешка

Нов одличен резултат за Иџе во Европскиот шампионат на ридски патеки/Фото: facebook.com/IgorIdzeStefanovski

Игор Стефановски бележи одлични резултати, денеска и покрај проблемите со кои се соочуваше на ридско-планинската трка, успеа да дојде до првото место во Штерберк (Чешка) во рамките од ФИА шампионатот на Европа.

Македонскиот автомобилист стартуваше со проблеми кое ги имаше неговото возило „Хјундаи И30“, но на крајот со сите сите сили успеа да донесе голем успех.

На двете трки имаше вкупно време од 06:49.717 во својата категорија и за пет минути беше побрз од Австриецот Дитхард Штернад.

За двократниот шампион во оваа конкуренција, ова е втора победа сезонава, првата беше остварена во португалската Брага, а беше второпласиран на трката во Франција.

– Македонскиот „крал“ се врати. Прво место во Чешка – објави во фејсбук објавата на Стефановски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот