ФОТО | Леонардо Дикаприо со чудна „среќа“ при посетата на Путин: Двапати ќе загинел по пат кон Русија

Владимир Путин и Леонардо Ди Каприо/Profimedia
Profimedia

Холивудскиот актер Леонардо Дикаприо одамна сподели дека во два наврати речиси ќе загинел на пат кон Русија, каде отишол да се сретне со претседателот Владимир Путин за да разговара за заштита на загрозените тигри.

Леонардо, кој е познат во јавноста со својот активизам за заштита на природата, како и кревањето свесност за климатските промени, имал лошо искуство со летот до Русија. Имено, морал принудно да слета веднаш по полетувањето од Њујорк.

Во 2016-тата, тој во емисијата на Елен Деџенерис „Шоуто на Елен“, раскажуваше како кога вториот пат тргнал на пат кон Русија, летот ќе завршел речиси трагично. Авионот бил принуден да истовари гориво пред да слета и Леонардо раскажа што се случило:

„Погледнав низ прозорецот и видов дека еден од моторите експлодира. Се претвори во огнена топка. Јас бев единствениот човек што го виде и мислев дека веќе сум умрел и отидов во рајот бидејќи никој ништо не кажуваше.“

„Почнав да врескам и да прашувам што се случило, а потоа стјуардесата ми рече дека имаме проблем.“

Неодамна Леонардо Дикаприо беше во центарот на медиумското внимание кога се дозна дека тој донирал 10 милиони долари како помош за Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот