ФОТО | Кучиња во пижами за радосни дечиња во болница во Тексас: Насмевките кажуваат сè!

Детска клиника Тексас
Детска клиника Тексас/Инстаграм

Можете да замислите колку е тешко кога возрасните се во болница поради секакви причини… Како ли им е на децата кога се хоспитализирани и мораат да го поминат празничниот период во болница?

Со цел да им се внесе малку празничен дух, да им се приреди радост, вработените во една тексашка детска клиника се одлучија на еден несекојдневен, но прекрасен потег. Тие набавиле четири кучиња, златни ретривери кои биле „опремени“ во карирани пижами кои им беа во посета на дечињата.

Златните ретривери се вистински профил на кучиња -другари кои за оваа прилика уживаа во посетата на своите малечки другарчиња, кои со задоволство се дружеа со нив и ги галеа.

На официјалниот инстаграм-профил на клиниката, споделените фотографии „греат“ од среќа и радост, за нив не се ни потребни зборови. Насмевките кажуваат сè!

Тексашка детска клиника
Детска клиника Тексас/Инстаграм
Детска клиника Тексас/Инстаграм
Детска клиника Тексас/Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот