ФОТО | Кралицата Елизабета денеска ќе наполнеше 97 години: Објавена досега невидена, трогателна фотографија

кралица елизабета втора
Фото: EPA-EFE/STRINGER UK AND IRELAND OUT

Кенсингтонската палата објави фотографија од кралицата Елизабета Втора, која е направена пред нејзината смрт. А решија да ја објават денеска, на денот кога таа ќе наполнеше 97 години. Имено, фотографијата на жената која најдолго владеела со Велика Британија ја направила Кејт Мидлтон, принцезата од Велс во Балморал во август – неколку недели пред Британија и Комонвелтот да ја загубат својата кралица.

Кралицата Елизабета Втора со внуците и правнуцит/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На фотографијата е прикажана Елизабета Втора, среќна во шкотските висорамнини коишто толку многу ги сакала, опкружена со внуците и правнуците – леди Луиз Маунтбатен-Виндзор, Џејмс, грофот од Весекс, Лена Тиндал, принцот Џорџ, принцезата Шарлот, Ајла Филипс, принцот Луис, Миа Тиндал, Лукас Тиндал и Савана Филипс.

Да потсетиме, на 8 септември кралицата почина во својот сакан дом во Абердиншир, што предизвика жалост во Велика Британија и ширум светот.

Фотографијата беше објавена денеска од Кенсингтонската палата по повод 97-от роденден на нејзиното покојно височество.

Кралицата Елизабета Втора во моментот на нејзината смрт имала осум внуци и 12 правнуци. Слична семејна фотографија беше објавена по смртта на нејзиниот сопруг, војводата од Единбург во 2021 година.

Кралицата Елизабета Втора и принцот Филип со внуците и правнуцит/Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Кралското семејство претходно денеска се огласи на социјалните мрежи за да му оддаде почит на својот сакан матријарх, кој почина мирно по прославувањето на својот платинест јубилеј.

„Денеска се сеќаваме на нејзиниот неверојатен живот и наследство. Нејзиното Величество кралицата Елизабета Втора, на нејзиниот 97-ми роденден“, напишаа во описот на фотографијата.

 

Ниту еден цвет на ковчегот на кралицата не е случаен и открива многу за кралот Чарлс

ФОТО/ВИДЕО: Ковчегот на кралицата Елизабета пристигна во Лондон, по улиците го испратија илјадници луѓе

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот