ФОТО | Ќерката на Бијонсе и Џеј Зи на утакмица со татко ѝ: „Плукната“ на мајка

Џеј Зи и Блу Ајви на утакмица, фото: Twitter, принтскрин

Блу Ајви Картер, 10-годишната ќерка на Бијонсе и Џеј Зи се појави со својот татко на финалето на НБА во Сан Франциско, а многумина беа изненадени од тоа колку личи на своите родители.

Блу Ајви се забавувала и се смеела со својот татко, но кога ја забележала камерата како ги гледа, се засрамила. Џеј Зи потоа ја прегрна својата ќерка и ја бакна во образот, а таа го предупреди да внимава на нејзината коса.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Soul-Addict (@souladdictofficiel)

Девојката во стилот на таткото носеше црна маица, кожна јакна и долен дел од тренерки, додека Џеј Зи црна маица и карго панталони.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NYLON France (@nylonfrance)

Видеото од таткото и ќерката стана вирално на интернет и предизвика многу коментари.

„Човеку, Блу Ајви изгледа точно како Бијонсе. Таа е иста на мајка ѝ”, е еден од коментарите. „Го наследила лицето на мајка си“, се согласи друг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот