ФОТО: Ќерката на Ал Пачино истетовира моќна порака од легендарниот филм на татко ѝ

Оливија Пачино е ќерка на еден од најпознатите холивудски актери – Ал Пачино. На спомнувањето на презимето Пачино, сè е јасно – славниот Мајкл Корлеоне или Тони Монтана се улогите на нејзиниот татко.

Таа на своето инстаграм-стори објави тетоважа, која ја посвети на легендарната улога на нејзиниот татко во филмот „Лице со лузна“ (Scarface).

„Светот е твој“, пораката е кратка и ефектна и иако има многу тетоважи посветени на овој филм и на Ал Пачино, оваа, сепак, има дополнителна тежина затоа што ја направила неговата ќерка.

Тетоважата се наоѓа на раката на Оливија и изгледа многу убаво.

Инаку, Оливија е родена 2001 година во Калифорнија, а мајка ѝ е актерката Беверли Ди Анџело, која на публиката ѝ е позната од култниот филм „Коса“. Таа има брат близнак Антон и полусестра Џули.

   Твитер

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Olivia ✯ (@olivia.pacino)

  Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот