ФОТО | Кендал Џенер покажа како го украсила домот: Божиќна радост

Фото: Инстаграм/ kendalljenner

Најдобар начин за ширење на празничниот дух е украсување на вашиот дом, по примерот на Кендал Џенер. Вкусот на Кендал Џенер за внатрешен дизајн значително се разликува од останатите сестри од кланот Кардашијан-Џенер.

Кендал ги отвори вратите за „Пуш“ оваа година за да го покаже нејзиниот пријатен празничен декор.

„Темата е иста како и секоја година. Божиќна радост“, изјавила таа.

Фото: Инстаграм/ kendalljenner

Кендал Џенер ги ангажирала познатите дизајнери на ентериер Валдо Фернандез и Кетлин и Томи Клементс да ѝ помогнат да го украси нејзиниот дом во Лос Анџелес. За разлика од нејзините познати сестри, манекенката претпочита поинакво уредување на ентериерот.

Фото: Инстаграм/ poosh/@ivansocal @kendalljenner

Имено, додека тие обожаваат раскош и малку кич, нејзината куќа е уредена многу потопло и поедноставно од она со кое се фалат нејзините сестри. Таа сега на обожавателите им покажа дел од својот дом, украсен во божиќна празнична атмосфера. Можете да видите дека во дневната соба доминираат неутрални земјени тонови, исто како едноставните божиќни украси што таа ги избра оваа година.

Земјените тонови се водечки тренд во внатрешната декорација во 2023 година, а експертите истакнуваат дека така ќе биде и во наредната 2024 година. Сметаат дека популарноста на овој тренд се должи на желбата на клиентите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот