Фото: Инстаграм

ФОТО: Кејт Мидлтон го украси својот војнички капут со три цвета од афион кои откриваат емотивна порака

Војвотката во неделата и се придружи на кралицата Елизабета и членовите на кралското семејство со цел да го одбележи Денот на сеќавањето, облечена во црн аутфит, на кој се истакнуваа трите цвета од афион.

За Денот на сеќавањето, Кејт облече капут инспириран од војничкиот стил и на капутот истакна три цветови од афион. Имено, хартиените цветови од афион имаат за цел сеќавање на припадниците на војската кои се бореле и го загубиле животот во Првата светска војна.

Фото: Инстаграм

Но, Кејт носи три, во чест на тројцата браќа на нејзината прабаба Оливиа Мидлтон, кои се бореле и загинале во Првата светска војна.

Сите носат по еден цвет од афион, Кејт носи три, додека кралицата Елизабета носи пет цветови, а секој од нив ги претставува различните гранки од војната заштита – воздухопловните сили, цивилната заштита, морнарицата, војската и жените.

Фото: Инстаграм

Војвотката за оваа пригода избра црн капут, инспириран од војниот стил, а од детали се истакнаа ресите на рамената. Косата ја собра во елегантна пунџа и ја украси со елегантен шешир, пишува „People“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот