ФОТО: Ќе се возат 23 трки наредната година во Формула 1!

Ф1 сезоната во 2023 ќе стартува со трката за Големата награда на Бахреин/фото: EPA-EFE/ALEJANDRO GARCIA

Формула 1 објави прелиминиран календар од 23 трки за сезоната 2021 во која Саудиска Арабија ќе го има своето деби. 

Новата Ф1 сезона ќе започне традиционално од Мелбурн, Австралија. Првиот викенд ќе биде од 19 до 21 март 2021 година, додека веднаш следниот викенд „најбрзиот циркус“ во светот ќе биде во Бахреин.

Третата трка ќе се организира во Кина, а не е сè уште познато каде ќе се одржи четвртата (23-25 април), бидејќи Големата награда на Виетнам е откажана.

Сезоната ќе заврши на 5 декември 2021 година со трката во Абу Даби.

Меѓу најзначајните промени е тоа што Холандија конечно ќе има трка, тоа требаше да се случи во 2020 година, но беше откажана поради пандемијата со ковид-19.

Формула 1 календар, сезона 2021

21 март – Австралија (Мелбурн)
28 март – Бахреин (Сахир)
11 април – Кина (Шангај)
25 април – не е сè уште познато
9 мај – Шпанија (Барселона)
23 мај – Монако (Монако)
6 јуни – Азербејџан (Баку)
13 јуни – Канада (Монтреал)
27 јуни – Франција (Ле Кастелет)
4 јули – Австрија (Спилберг)
18 јули – Велика Британија (Силверстоун)
1 август – Унгарија (Будимпешта)
29 август – Белгија (Спа)
5 септември – Холандија (Зандворт)
12 септември – Италија (Монца)
26 септември – Русија (Сочи)
3 октомври – Сингапур (Сингапур)
10 октомври – Јапонија (Сузука)
24 октомври – САД (Остин)
31 октомври – Мексико (Мексико Сити)
14 ноември – Бразил (Сао Паоло) *
28 ноември – Саудиска Арабија (Џеда)
5 декември – Абу Даби (Абу Даби)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот