ФОТО | „Кажи птичка“: НАСА објави фотографија од Сонцето на која делува како да се смее

„Насмеаното“ Сонце / Фото: Твитер/НАСА

Вселенската агенција НАСА на својот твитер-профил задолжен за следење на Сонцето објави интересна фотографија од ѕвездата која се наоѓа во центарот на Сончевиот Систем.

Имено, тие објавија фотографија на која Сонцето делува како да се смее. Неговиот „насмеан“ лик е резултат на набљудувањето на Сонцето во улктравиолетова светлина и коронални дупки, односно региони со помала густина на плазма во горните слоеви на сончевата атмосфера, од кои во вселената излегуваат сончеви ветрови.

Фотографијата ја сликал сателитот „Solar Dynamics Observatory“, кој се наоѓа во земјината орбита и чии сензори се насочени кон Сонцето за да направат разни мерења на нашата ѕвезда и нејзината сончева активност.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот