ФОТО | Каква мајка, таква ќерка: Салма Хајек и ќерка ѝ Валентина воодушевија со слични комбинации

Фото: Profimedia

Мексиканско-американската актерка Салма Хајек (57) била забележана со нејзината ќерка Валентина Палома Пино (16) на забавата по премиерата на документарната серија „Beckham“, за животот на поранешниот британски фудбалер Дејвид Бекам.

Атрактивната актерка изгледала одлично во темно виолетова тоалета, додека нејзината 16-годишна ќерка носела пократок фустан во иста боја. Тие биле видени како влегуваат во „The Twenty Two“, луксузен приватен клуб во Лондон, пишува таблодината веб-страница „Пејџ сикс.“

Фото: Mattpapz / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Хајек за оваа пригода се одлучила за долг свилен фустан со плисирани детали од страна, а својот елегантен изглед го комплетирала со светкави црни потпетици на платформа и црна чанта.

Што се однесува до нејзината ќерка, таа облекла кадифен мини виолетов фустан, кој го носела под црн блејзер. Аутфитот го комплетирала со црни потпетици и црна чанта.

Фото: Bob Grey / BACKGRID / Backgrid UK / Profimedia

Како потсетување, Салма Хајек е во брак со францускиот бизнисмен Франсоа-Анри Пино од 2009 година. Тие имаат само едно заедничко дете, ќерката Валентина.

Додека ова ѝ е прв и единствен брак на актерката, бизнисменот претходно беше женет со дизајнерката Доротеј Лепер, со која има две деца – синот Франсоа (25) и ќерката Матилда (22).

Тој има и еден вонбрачен син, Августин (16), од врската со манекенката Линда Евангелиста.

ВИДЕО | „Цензурирано“: Селма Хаек со секси танц ги збудали фановите

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот